Рекорден број на починати од ковид-19 во Австралија, и покрај карантинот во Мелбурн

Австралиската држава Викторија потврди рекорден број на смртни случаи и зголемен број на заразени од коронавирус, поради што многумина изразија страв дека карантинот во Мелбурн не функционира.

Во Австралија во изминатите 24 часа од коронавирус починале 13 луѓе, а дополнително се заразиле 723, што е скок од 36 проценти во однос на рекордниот број на нови случаи што беше забележан во понеделникот.

Сега многумина стравуваат дека владата ќе мора да го продолжи карантинот во Мелбурн, кој започна на 7 јули, а треба да трае шест недели, пишува Би-би-си.

„Ако имате симптоми, единствено што можете да направите е да се тестирате. Едноставно не можете да одите на работа“ изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

Во Австралија досега се забележани 16.298 случаи и 189 смртни случаи на ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.