Рекорден број на заболени од ХИВ/СИДА во Македонија, само лани нови 57 случаи

Годинава во земјава се регистрирани најмногу случаи со Хив/Сида. Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2019-та има 57 новооткриени, 16 повеќе од лани. Меѓу новозаразените само 2 се жени, а повеќето мажи вирусот го добиле по хомосексуален пат.

Просечната возраст е 34, а има и 19 годишни и лица над 50 години. Речиси половина од новите случаи се од Скопје, а инфицирани има и во други 12 градови.

-Во Битола годинава има 5 нови случаи, изјави д-р Лилјана Милевска, Центар за јавно здравје Битола.

Годинава во државата 700 лица бесплатно се тестирале за Хив. Само кај една третина вирусот бил навреме дијагностициран што е клучно за понатамошниот третманот. За 32 години од првиот случај во државата регистрирани се 460 лица со Хив/Сида, 104 починале.

Оваа година за прв пат на Mеѓународниот ден за борба против Хив изостана официјална прес конференција од здравствените власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.