Рекорден број нови случаи на Covid-19 во Шпанија од почетокот на епидемијата

Шпанија во петокот го регистрираше најголемиот број нови случаи на зараза со коронавирусот на дневно ниво со потврдени 15.186 коронаинфекции.

Сепак, како што истакнуваат шпанските здравствени власти, бројката не може целосно да се споредува со оние показатели од почетокот на пандемијата, бидејќи од тогаш бројот на тестирањата многукратно е зголемен.

Процентот на позитивните во вкупниот број тестирани изнесува високи 11 отсто, соопшти шпанското министерство за здравство. Шпанија од почетокот на епидемијата на коронавирусот досега има потврдено вкупно околу 936.000 случаи на зараза, на вкупно 47 милиони жители.

Бројот на новозаразеите во последните седум дена изнесива 133 на 100.000 жители, наспороти 37 колку што на пример има Германија.

Забележано е и големо зголемување на бројот на починатите со 222 нови смртни исходи поврзани со коронавирусот во петокот. Со тоа во Шпанија досега се забележани 33.775 починати.