Рекорден број новозаболени од коронавирус во Кина

Кинеските градови, вклучително и главниот град Пекинг, денеска соопштија за рекорден број заразени со коронавирус.

На национално ниво, пријавени се 16.072 нови случаи, соопштија кинеските здравствени власти. Ова е најголем број заразени во Кина од 25 април.

Рекорден број случаи е евидентиран и во Пекинг, Чонгкинг, Гуангжу и Женгжу, иако во главниот град на Кина новите случаи се неколку стотици, а во другите градови се бројат во илјадници.

Процентот на заразени луѓе е екстремно мал во споредба со другите земји, но кинеските власти се држат до нивната строга политика на нула ковид.