Рекорден број новозаразени во БиХ за 24 часа

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистриани се нови 432 случаи со корона вирус, што е најголем број новозаразени во еден ден, соопштија денеска надлежните.

Од тој број во Федерацијата БиХ потврдени се 309 нови случаи, додека во Република Српска 123, пренесе Klix.

Во федерацијата БиХ починаа шестмина, а во РС пет пациенти.

Тестирани се 1.207 примероци или вкупно 87.108, а Ковид-19 потврден кај 6.851 лица.

Во Федерацијата БиХ активни се 3.181 случаи.

Во РС тестирани се вкупно 50.361 лица, а хоспитализирани се 4.421 лица.