Рекорден број новозаразени во Грција и во Турција, на сила се строги мерки

Грција вчера објави рекорден дневен биланс на жртви од Ковид-19, Турција забележа најголем број на заболени од почетокот на епидемијата.

Грција објави 108 смртни случаи од ефектите на коронавирусот во саботата, бидејќи болниците во северниот дел на земјата се под притисок поради недостаток на легла на одделите за интензивна нега за лица кои страдаат од Ковид-19.

По двомесечното затворање во март, зголемувањето на бројот на заболени од октомври ја принуди владата повторно да се затвори овој месец. Бројот на новоинфицирани во саботата беше 2.311, така што вкупниот број на случаи во Грција сега е 90.121, а бројот на смртни случаи е 1.527.

Турција вчера го забележа својот најголем дневен број на заразени, 5.532, од почетокот на епидемијата во земјата. Во последните 24 часа починаа 135 лица.

Анкара ги објави само симптоматските случаи на коронавирусот од јули, а критичарите велат дека ги крие вистинските размери на епидемијата.

Во борбата против Ковид-19, Турција воведе полициски час викендов и го ограничи работењето на ресторани, кафулиња и трговски центри.