6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Рекорден број новозаразени во Холандија

Бројот на новозаразени со коронавирус во Холандија соборува рекорди во последните четири дена, а минатата недела холандското Министерство за здравство предупреди дека капацитетот за тестирање не е доволен за очекуваниот бран во наредните месеци.

Во последните 24 часа, според „Worldometers“, во земјата се регистрирани 2.544 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата. Уште 16 лица починале. Вкупно 103.141 лице биле заразени досега во земјата, а повеќе од 6.000 луѓе починале.

Капацитетот за тестирање и лабораториските капацитети ќе треба да се зголемат од сегашното ниво од околу 30 000 тестови на ден на 55 000 тестови на ден во ноември и на 70 000 во декември , односно 85 000 од февруари, соопшти Министерството.

„Правиме се што можеме за да ги зголемиме нашите капацитети, но тие сè уште не се доволни“, изјави премиерот Марк Руте минатата недела.

Луѓето чекале со денови за тестирање, а надлежните велат дека премногу луѓе реагираат на тестирањето без очигледни симптоми на ковид-19. Затоа, тие сега советуваат да се тестираат само оние кои имаат сериозни здравствени проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.