Рекорден број новозаразени во Италија, во Британија најмногу починати од Covid-19 по мај

Италија во вторникот забелажа рекорден број на новозаразени со коронавирусот, додека Велика Британија со над 367 смртни исходи како последица од компликации предизвикани од Covid-19, го забележа најголемиот дневен број починати од 27-ми мај.

Италијанското министерство за здравство на редовниот вечерен брифинг во вторникот соопшти дека во последните 24 чаа се заразени 21.994 лица, што претставува најголем број од почетокот на епидемијата во февраури. Претходниот рекорден показател на новите коронаинфекции на дневно ниво во неделата изнесуваше 21.273 лица.

Министерството, исто така, извести и за 221 сртен исход како последица на Covid-19 во вторникот, наспроти 141 починат пациент во понеделникот. Ова е првпат Италија да има повеќе од 200 смртни случаи во едно деноноќие од средината на мај.

Вкупно 37.700 луѓе починаа по зараза со новиот коронавирус во Италија од февраури досега, а заразени се 564.77 луѓе досега.

Најтешкко погодена област и натаму е регионот Ломбардија, која извести за 5.35 нови случаи во вторникот. Јужниот регионн Кампанија, каде во првиот пролетен бран епидемијата немаше високи показатели, е втората најпогодена во вторникот забележала 2.761 нов случај на коронаинфекција.

Обединетото Кралство, пак, во вторникот забележа уште 367 смртни случа во рок од 28 дена од позиотивен тест на Covid-19, што е најголем показател за бројот на починатите од 27-ми мај, според ваквиот начин на сумирање на показателите на владата.

Бројот на починатите во Велика Британија се зголемува од почетокот на октомври. За споредба, во текот на првата седмица од „затоврањето“ во земјата на 30-ти март се забележани 374 смртни исходи.

Според податоците од вторникот, Британија во последните 24 часа потврдила нови 22.885 случаи на разаразата во споредба со 20.890 позитивни случаи во понеделникот. Вкупно земјата има над 940.000 случаи на заразата од почетокот од епидемијата.

Во Франција, пак, во изминатите 24 часа регистрирани се 33.417 нови случаи на коронавирусот, според податоците на Министерството за здравство. Ден претходно 26.771 лице беа позитивни на тестот. Вкупно, издадени се 1.198.695 позитивни тестови од избувнувањето на епидемијата во земјата.

Во изминатото деноноќие починаа 523 лица, со што бројот на починатите од почетокот на епидемијата достигна 35.541 лице.