Рекорден број починати од Ковид-19 во Русија

Во Русија е потврден рекорден број на смртни случаи од коронавирус на дневно ниво, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 320 починати, соопшти Центарот за борба против COVID-19.

Досега во земјата од коронавирусот вкупно починале 26.589 луѓе.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 16.550 заразени, со што вкупниот број на инфицирани од почетокот на пандемијата достигна 1.547.774.

Во Русија од утре ќе биде задолжително носењето на заштитни маски во јавниот превоз, такси возилата, лифтовите и на паркинзите, истакна директорката на надзорното тело за право на потрошувачите и благосостојба на луѓето, Ана Попова.

Владата прецизира дека местата за масовни собирања вклучуваат јавни простори во населбите и градските области, каде што можат да се соберат повеќе од 50 луѓе.

Во некои руски градови, меѓу кои и Москва, носењето маски е веќе задолжително во јавниот превоз.