Рекорден број починати од последиците на коронавирусот во Германија

63

Во Германија во петокот е регистриран нов рекорден број починати како последица од компликациите кои ги предизвикува заразата со коронавирусот од 1.188 смртни исходи, а бројот на новозаразените, два дена пред стапувањето на новите поостри рестриктивни мерки, сѐ уште е на високо ниво и изнесувал 31.849 случаи.

„Вкупниот број починати од последиците на заразата со коронавирисот од почетокот на пандемијата се искачи на 38.795“ се наведува во соопштенеито на главниот референтен епидемиолошки Институт „Роберт Кох“.

Седумдневната инциденца на заразата пораснала и таа на ново на цела Германија изнесува сега 136. Во градот Мејсен, во сојузната покраина Саксонија, во петокот била забележана инциденца од 541. Германската влада како цел на мерките за затворање и строго ограничување на контактите веќе неколкумесечен период го наведува спуштањето на седумдневната инциденца на вредност под 50.

Од понеделник во цела Германија на сила ќе стапат новите мерки за „затворање“, кои меѓу другото предвидуваат ограничување на движењето на населението во радиус од 15 километри за жителите на областите со инциденца повисока од 200. Исто така, ќе биде дозволена средба на членови на едно домаќинство со само едно лице од некое друго домаќинство.

Мерките воведени во ноемвр, кои вклучуваат забрана за работа на сите продавници со исклучок на продавниците за основни продукти и аптеките, како и затворање на културните и спортските објекти, и натаму ќе останат на сила.

Сојузната и покраинските влади на крајот од јануари би требало да решаваат за продолжување или намалување на мерките. Уште отсега некои политичари, како баварскиот премиер Маркус Зедер, најавуваат продолжување на мерките и во февруари. Во сојузната покраина Баварија веќе сега се откажани покладните свечености.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.