Рекорден број починати во Србија од почетокот на епидемијата на коронавирусот

Србија во последното деноноќие регистрирала нов дневен рекорд од 65 смрни исходи како последица предизвикана од заразата со новиот коронавирус со што го надмина прагот од вкупно 1.500 и изнесува 1.549 починати од почетокот на епидемијата, објавија во неделата здравствените власти.

Од 15.508 тестирани материјали 6.179 биле позитивни на коронавирусот. Во моментов се хоспитализирани 7.256 пациенти од кои 252 се на респиратори, соопшти српското министерство за здравство.

Во Србија досега се тестирани 1.760.489 примероци, со кои се потврдени коронаинфекциите кај 169.214 лица.

Поради трендот на зголемување на новозаразените и на оние на кои им е потребна болничка нега, Србија од понеделникот воведува дополнителни „ковид оддели“ во болниците во Ивањица, Заечар и Пирот.

Државниот секратар во министерството за здравство Берислав Векиќ предупреди дека има граѓани кои не се свесни на опасноста од коронавирусот и поврено апелираше за избнегнување на сите контакти за да се сузбие ширењето на вирусот.

Членовите на владиниот Кризен штаб повторија дека дури следната седмица ќе почнат да се покажуваат последиците од „Црниот петок“, кога илјадници луѓе ги преполнија трговските центри поради големите попусти.