Рекорден пад на рејтингот на Бајден

Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден во првите девет месеци како челник на најмоќната земја на светот бележи пад, најбрз од нивото на поддршката за кој и да е друга американски претседател од Втората светска војна, пишува The Telegraph повикувајќи се на анализата на резултатите од истражувањето на американскиот институт за јавно мнение Gallup.

Се забележува дека рејтингот на Бајден паднал за 11,3 процентни поени, од 56 на 44,7 отсто, а овој пад е поголем од показателите за падот на поддршките за десетте американски претседатели. Претходниот рекорден најбрз пад на нивото на поддршката го забележа 44-от претседател Барак Обама, во чии два мандата токму Џо Бајден беше потпретседател. Рејтингот на Обама во првите девет месеци од неговото претседателствување падна за 10,1 процентен поен.

Бајден, така, очигледно ги „разочарал гласачлите“ повеќе и од Џими Карер кој беше претседател на САД во периодот од 1977 до 1981 година и кому рејтингот во истиот деветмесечен период паднал за 8,9 процентни поени. Падот на поддршката на Доналд Трамп, директниот претходник на Џо Бајден, изнесуваше 4,4 процентни поени во првите девет месеци од мандатот, се наведува во информацијата.

За споредба, рејтингот на популарнсота на 43-от американски претседател Џорџ В. Буш помладиот во првите девет месеци од мандатот се зголемил за 13,1 процентни поени, а нивото на поддршката на неговиот татко 41-от претседател Џорџ В. Буш постариот за 12 процентни поени.

Весникот забележува дека популарноста на Бајден почнала да паѓа во јули, кога во земјата се зголеми инциденцата на коронавирусот, а хаотичното повлекување на американските војници во Авганистан кон крајот на август дополнително лошо влијаел врр неговиот рејтинг.

Демократот, поранешен претседател и член на Конгресот со 36-годишен стаж, Џо Бајден победи на претседателските избори на 3-ти ноември 2020 година, а на должноста беше инаугуриран на 20-ти јануери 2021 година.