Рекорден пад на реалните плати во Британија

Реалните плати на работници во Велика Британија паднале во тримесечниот период заклучно со јуни најсилно откако британското биро за статистика ги објавува таквите податоци.

Во период од април до јуни годинава платите пораснале за 4,7 отсто, се наведува во извештајот на статистичкото биро ONS.

Инфлацијата, пак, во јуни достигнала 9,4 отсто, што е највисоко нови во 40 години, а кулминацијата би требало да биде забележана кон крајот на годината, кога се проценува дека би изнесувала 11 отсто.

Тоа значи дека реалните плати во Британија паднале за 4,1 отсто, најсилно откако ONS почнал да ги бележи овие податоци во 2001 година.

Официјалните податоци, исто така, покажуваат дека работодавачите во јули вработиле 73.000 нови работници, па бројот на вработени се искачил на вкупно 29,7 милиони вработени. Во второто годинешно тримесечје, пак, стапката на невработеноста благо пораснала на 3,8 отсто.

„Бројот на работени пораснал во вториот квартал 2022-ра, додека стапката на невработеност и бројките на луѓето кои не работат ниту бараат работа биле речиси непроменети“, изјави директорот на ONS за економска статистика, Дарен Морган.

„Се чини дека вкупниот број работни часови во седмицата истовремено се стабилизирал веднаш под претпандемиското ниво“, додаде Морга,

Бројот на непополнетите работни места, иако сѐ уште многу висок, пак, паднал првпат од летото 2020 година. Тоа би значело дека работодавачите имаа малку помалку проблеми со наоѓањето работници.

„Сегашната статистика покажува дека ситуацијата на пазарот на трудот е многу добра, невработеноста е пониска отколку наназад речиси 40 години“, изјави министерот за финансии Надим Захави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.