Рекорден пад на турската лира

Вредноста на турската лира денеска забележа историски пад во однос на американскиот долар во екот на политичката криза во земјата.

За еден американски долар денеска може да се купат 2,1467 лири. Покрај падот на вредноста на турската лира, дојде до пад и на берзата чиј главен индекс БИСТ 100 утрово падна за 3,76 отсто по падот и во претходните два дена.

Политичката криза ја потресе владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган чии соработници се под истрага поради корупциска афера.

Ердоган синоќа објави голема реконструкција на владата, менувајќи 10 министри, неколку часа по што тројца министри поднесоа оставка.