Рекорден раст на бројот на новозаразените во Шпанија, Британија, Франција, Ирска

Властите во Шпанија, Франција, Велика Британија и Ирска во четвртокот известија за рекордни бројки на новозаразени со коронавирусот во последните неколку седмици, а владата во Лондон најави 14-дневен карантин за патниците од Луксембург поради растот на бројот случаи на Covid-19 во оваа земја.

Шпанија во четвртокот зебележа најголем дневен раст на бројот на новозаразените од укинување на карантинот, откако втор ден со ред потврдени се повеќе од 1.000 нови случаи на коронаинфекција. Министерстството за здравство објави во четвртокот дека во последниото деноноќие се дијагностицирани 1.229 нови сличаи.

Челникот на владината агенција за справување со епидемијта, Фернадно Симон, меѓутоа, негираше, дека Шпанија е во вториот бран на заразата со коронавирусот.

„Втор бран би бил кога би имале неконтролиран раширен преност на врисусот во заедницата“, изјави Симон.

Иако призна дека вирусот слободно се шири во делови од севеористочните региони Каталонија и Арагонија, Симон рече дека во поголемиот дел од земјата епидемијата е под контрола. Додаде, исто така, дека вирусот сега е далеку помалку смртоносен отколку во текот на пикот на епидемијата во април.

Шпанија до денеска има потврдени 285.430 случаи на зараза и 28.443 починати, додека оздравеле над 150.000 пациенти.

Раст на случаите на зараза со коронавирусот на дневно ниво во средата регистрирала и Франција каде што во минатите 24 часа се потврдени. Ова е првпат земјата да го мине прагот од 1.000 новозаразени во еден дена од половината на мај, кога започна со ублажување на карантинските мерки. Здравствените власти соопштија и дека 381 заболени се на интензивна нега, првпат повече од просекот во изминатите 16 седмици.

Во Франција во последното деноноќие од Covid-19 починале 16 лица, повече од просечните десет смртни исходи последните денови, со што вкупниот број на жртвите се зголеми на 30.254 луѓе.

Истовремено Ирска во четвртокот објави дека е забележан најголем број новозаразени во еден ден во последните два месеца. Регистрирани се 85 новозаболени, во споредба со 20-ина случаи изминатите денови.

„Денешниот скок е можеби поврзан со поединечни жаришта, но би можел да укажува и на нешто многу поголемо“, изјави Ронан Гли, медицински советник на француската влада.

Велика Британија во четвртокот, исто така, пријави рекорден број новозаразени во последните четири седмици. Бројката од 846 нови позитивни случаи се најмногу од 28-ми јуни.

Според сознанијата на BBC, Лондон ќе воведе карантин за лицата кои се враќаат од Луксембурт. Официјалната објава за Англија се очекува подоцна, а истата мерка претходно во четвртокот ја воведе регионалната влада на Шкотска.