Рекорден скок на смртните случаи од коронавирус во државата Њујорк

REUTERS/Eduardo Munoz

Во последното деноноќие во американската сојузна држава Њујорк е пријавен 731 смртен случај како последица од заразата со новиот сој коронавирус, што е најголемиот показател на дневно ниво, соопшти во вторникот гувернерот Ендрју Куомо на прес-конференцијата директно емитувана на неговиот профил на Twitter.

„Лошата е вест е дека бројот на њујорчаните кои починаа од коронавирусот се зголеми од 4.758 на 5.489 лица. Ова е најголемиот дневен раст досега“, призна гувернерот на сојузната држава Њујорк.

„Бројот на хоспитализираните се зголеми од 358 претходниот ден на 659, но истовремено просечната бројка е во пад трет ден по ред што е добра вест“, објави Куомо.

Додаде дека 1.224 луѓе се отпуштени од болниците во последните 24 часа, наспроти 1.179 пациенти во претходното деноноќие. Според гувернерот Куомо, бројот на заразените во државата пораснал на 138.836 луѓе и натаму е најголемата бројка во САД. Њујорк во овој показател го следат сојузните држави Њу Џерси, Мичиген, Калифорнија, Луизијана и Масачусетс.

Куомо во неделата истакна дека е забележано намалување на дневниот број смртни исходи од болеста предизвикана со инфекција на коронавирусот. На 2-ри април неа потврдени 562 смртни случаи, следниот денбеа регистрирани 630 починати, на 4-ти април имаше 594, на 5-ти април оваа бројка изнесуваше 599 жртви на Covid-19, а на 6-ти април има 731 починат.