Рекорден сообраќаен метеж на германските автопати на југот

На Германија ѝ претстои рекорден сообраќаен викенд, а веќе во петокот попладнето поради почетокот на празникот во сојузните покраини Баварија и Баден-Виртемберг, сообраќајниот метеж достигна вкупна должина од над 1.000 километри, јавува германскиот автомобилски клуб ADAC.

„Најдолгиот сообраќаен метеж е забележан на автопатите што водат кон југот, како што е А8 од Минхен до Салцбург“, соопшти ADAC.

Генералниот германски автомобилски клуб (ADAC) проценува дека претстојниот викенд ќе биде рекорден број на сообраќаен метеж оваа година. Најголеми доцнења се очекуваат на рутите кои водат до популарните туристички дестинации како Италија и Хрватска.

Ова, освен за рутата од Минхен до Салцбург и понатаму до Караванките, се однесува на т.н. Пиринска траса, преку автопатот А3 што води од Франкфурт до Пасау и понатаму на југ преку Грац.

Истовремено, зголемен сообраќај во спротивна насока се очекува поради враќањето на голем број граѓани од северот на Германија, каде празниците почнаа на почетокот на јули.

Единствената сојузна држава во која моментално нема метеж на автопатите е Мекленбург-Западна Померанија на североистокот на земјата.

Покрај зголемениот број возила, доцнење предизвикуваат и над 1.200 градилишта на автопатиштата, како и граничните контроли кон Франција, кои беа воведени поради Олимписките игри.