Рекордна инфлација ја тресе Латинска Америка

Инфлацијата во Венецуела достигна 56,2 отсто во 2013-та година што е рекорд за Латинска Америка, но трендот се променил во последните два месеца, по владините мерки за контрола на цените, соопштиле тамошните власти.

Во говорот пред новинарите, венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, рекол дека годишната стапка на инфлација е вкупно 56,2 отсто, додека во 2012-та била 20,1 отсто.

Последната годишна проекција на властите била 54,3 отсто.

Како и претходно, скокот на цената Мадуро ја објасни како „економска војна“ на опозицијата, приватниот сектор и нивните приврзаници во странство, без кои Венеција, како што рекол, би имала „едноцифрена инфлација“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.