6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Рекордна излезност на изборите во Црна Гора, се чекаат резултатите

Гласачките места во Црна Гора беа затворени во 20 часот, а право на глас на парламентарните избори имаа 540.026 граѓани.

За разлика од претходното пребројување, вкупниот одѕив сега е поголем на северот на Црна Гора, каде излегле 75 проценти од граѓаните, додека на југ 71,2 проценти.

Најголема излезност има во Подгорица, 77,7 проценти.

Според ЦДТ, на парламентарните избори до 19 часот гласале 74,2 проценти од избирачите, односно 400.600 граѓани со право на глас.

“Тоа е 3,3 проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2016 година, кога 70,9 проценти од гласачите гласаа до 19 часот. На парламентарните избори во 2012 година, одѕивот беше 66,2 проценти во истиот временски период”, соопшти ЦДТ.

До 18 часот на гласање излегле 70,5 проценти од гласачите, односно 380.700 граѓани со право на глас, објави Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).

Како што изјавија, тоа е за 5 проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2016 година, кога одѕивот во истиот временски период беше 65,5 проценти.

Првите неофицијални резултати се очекуваат по 21 часот .