Рекордната 7-ка во рацете на долгогодишен играч на лото

Преставници на Државна лотарија на Македонија имаа убава прилика да се запознаат со добитникот на рекордната премија 7ка вредна фантастични 22.601.966,50 денари.  Од таму велат дека станува збор човек кој е дел од многубројно среќно семејство, кој сакаше да остане анонимен.

„ По насмевките на целата семејн а екипа, ние заклучивме дека добивката е во вистински раце, па веруваме дека добиената сум навистина ќе им помогне да си го ппроменат својот живот на подобро“ велат од Лотарија од каде додаваат дека среќниот добитник  е долгогодишен лото играч.

Тој секогаш уплаќал бројки по сопствен избор, освен во последнава ситуација која му беше добитна. За прв пат уплатил шест комбинации со квик пик- бројките му ги избрал компјутер. Уплатил шест комбинации по 15 денари со вкупна уплата 90 денари , а токму првата била добитна, додека во останатите комбинации нема ниту една друга добивка.  Среќниот  добитник своето среќно Новолото ливче го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир.

Само за потсетување, оваа рекордна премија, по неполна година, се реализираше во месец март. Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова досега е рекордна вредност на најпосакуваната премија, 7ката е вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари. Премијата беше извлечена во 18тото коло на Новолото, емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител