Рекордни 30.277 новозаразени во еден ден во Германија

Германија првпат од почетокот на пандемијата забележа повеќе од 30.000 нови случаи на зараза со коронавирусот во едно деноноќие, соопшто во петокот германскиот Институт „Роберт Кох“.

Институтот објавувајќи ги податоците во петокот истакна дека се вклучени 3.500 случаи од југозападната покраина Баден Витемберг, коишто од технички причини не се вброени во статистиката на заразените од четвртокот.

Во изминатите 24 часа се потврдени нови 30.277 случаи на коронаинфекција. Во истиот период регистрирани се и 813 нови смртни случаи како последица на компликации предизвикани од Covid-19, што е највисока бројка од март.

Германија од почетокот на пандемијата потврди повеќе од 1,4 милиони заразио и 24.938 починати.

Бројот на починатите во последниот период е во раст, што според епидемиолозите било очекувано имајќи го предвид остриот пораст на заразите. Поради тоа, германските власти се под притисок што поскоро да започнат со вакцинирање на населението.