Рекордни снежни врнежи во Јапонија, најмалку 17 загинати и над 90 повредени

Рекордни снежни врнежи во многу делови на Јапонија однесоа животи на 17 лица, повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти денеска Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи.

Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите.

До сабота, 24-ти декември, зимската бура однесе 11 животи.

Божикниот викенд донесе уште повеќе снег, а бројот на загинати се искачи на 17, додека 93 лица беа повредени. Во еден момент на северот од земјата поради обилните врнежи од снег без струја останаа околу 20.000 домаќинства.