Рекордно ниска температура измерена во Македонија

Најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово. Според УХМР следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје.
Нови врнежи од снег не се забележани, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени.

min_temp_08-01-2017-1

Времето утре ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Најниската утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а највисоката дневна од -13 до -7 степени.

Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -19 до -8.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.