Рекордно ниски температури измерени на првиот ден од 2016-тата

Рекордно ниски, минусни температури се измерени на првиот ден на 2016 година. Според податоците од УХМР, утрово до -18 степени се измерени во Берово, -16 Кива. Паланка, -15 Лазарополе, -14 Скопје Петровец и Маврово, -13 Пожар, Битола, Прилеп, Куманово, Крушево, -12 Тополчани, Пожаране, Демир Капија, Струмица, Штип, Виница, -11 Ѓуриште, Скопје, Зајчев Рид, Тетово, Претор, -10 Охрид, -9 Гевгелија, -7 Дојран.

Денес сончево и многу студено време

Насекаде во земјава преовладува сончево и многу студено време со слаб ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -4 до 6 степени.

Денес сончево и многу студено време
Денес сончево и многу студено време

Во Скопје ќе преовладува сончево и студено време со слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура ќе достине до 2 степена.

Од недела променливо облачно со врнежи од дожд и снег

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и планините од снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет.