Рекордното нафтено производство во САД ја намалува цената на нафтата

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа ново намалување, по објавувањето на информацијата дека производството на енергенсот во САД е на највиско ниво во последниве над 30 години, пишува МИА.

Аналитичарите оценуваат дека во пресрет на состанокот на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК), рекордното производство на нафта во САД предизвикува загриженост кај инвеститорите дека тоа може да доведе до дополнителен раст на и онака високото ниво на нафтени резерви.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јули на денешното електронско тргување на Њујоршката берза поевтини за два центи на 59,62 долари за барел, додека во исто време на Берзата во Лондон цената на северноморскиот „брент“ за јулска достава се намали за пет центи на 63,75 долари за барел.

Аналитичарите наведуваат дека трговците се незадолни затоа што проводителите на енергенсот не го намалуваа производството и покрај рекорните количетства на нафтени залихи, што придонесе од јули минатата година цените на нафтата да се намалат за околу 50 отсто.

Американското Министерство за енергетика вчера соопшти дека производство на нафта во САД минатата недела пораснало за 20.000 барели дневно на 9,59 милиони барели, што претставува негово највисоко ниво од јануари 1983 година.

ОПЕК, чии членки произведуваат околку една третина од вкупните количества на нафта во светот, на последниот состанок лани во ноември донесе одлука да не ги намалува квотите на производство на енергенсот, кои изнесуваат 30 милиони барели на ден.