Ремек дело на средновековен уметник откриено во кујна во Франција

Средновековно ремек дело коешто му се припишува на италијанскиот сликар Чени де Пепо, попознат како Чимабуе (1251 – 1302) е пронајдено во домот на деведесетгодишна Французина, а експертите веруваат дека на претстојното наддавање ќе достигне цена меѓу 4 и 6 милиони евра.

Маслото на дрво под назив „Ругање на Христис“ го прикажува Исус опкружен со мноштво луѓе. Стручњаците веруваат дека сликата е дел од поголем полиптих кој Чимабуе го насликал околу 1280 година.

„Тоа претставува големо отркитие за историчарите на уметност“, вели парискиот експерт за старите мајстори Ерик Турквен за делото со димензии 24 на 20 сантиметри.

Сликата донеодамна била обесена на ѕидот во просторот за готвење и ручање во куќа во местото Компиење северно од Париз.

„Сопственичката мислела дека станува збор за безначајна икона, сѐ додека еден аукционер не ја забележал во текот на посетата на нејзиниот дом и предложил експертиза“, појаснува Турквен, додавајќи дека експертиет со сигурност утврдиле дека сликата ги има сите карактеристики на работата на Чимабуе. Овој уметник, кој бул учител на славниот италијански мајстор Џото, се смета за зачетнок на италијанската ренесанса.

Забележале јасни сличности со делови од негови два диптиха од кои еден е изложен во галеријата „Frick Collection“ во Њујорк, а другиот во националната галерија во Лондон.

Сличноста во експресиите на лицата и во зградите кои уметникот ги насликал, како и техниката со која ја истакнал светлината особено упатуваат на дока дека станува збор за дело на Чимабуе.

Сликата е првото негово дело коешто ќе биде понудено на аукција на 27-ми октомври на аукциската куќа Acteon, близу Париз. Стручњаците веруваат дека за неа ќе бидат заинтересирани големите музеи, како ид ека би можела да достигне цена од четири до шест милиони евра.