Ремек-дело вредно 4-6 милиони евра пронајдено кај старица во Франција

50

Ремек-дело од раната ренесанса, на големиот фирентински сликар Чимбабуе, е „откриено“ во град близу Париз. Станува збор за дел од серија на уметнички дела со христијански мотиви од 13-от век.

Вредноста на сликата Распнувањето на Христос се проценува помеѓу 4 и 6 милиони евра (3,5 милиони до 5,3 милиони фунти), тврди експертот за уметност Ерик Туркин.

Сликата пронајдена во куќата на стара жена во близина на Париз всушност е долго загубено ремек дело на ренесансниот уметник Чимабуе, тврдат експертите. Таа е дел од серијата на уметнички дела од 1280 година, кога Чимбуе, познат и како Чени ди Пепо, насликал осум сцени кои го прикажуваат Христовиот живот и распетието.

Жената ја чувала оваа икона со години во својата кујна, а експертите велат дека не може да биде оспорено нејзиното потекло. Кога ја однела кај локалниот аукционер на проценка, жената мислела дека се работи за многу стара икона.

Со инфрацрвено светло биле извршени тестови по што биле утврдени сличностите со делата на италијанскиот сликар познат и како Чени Ди Пепо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.