Ременски ќе го врати пратеничкиот мандат ако се повлечат и други осомничени пратеници

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, која е осомничена во истрагата за финансиски криминал на Меѓународниот сојуз не чувствува никаква вина. По денешниот распит во Судот, Ременски повика Обвинителството да ја докаже нејзината вина, а медиумите да ја почитуваат презумцијата на невиност.  Таа рече дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Зоран Заев, кој од позицијата на претедател на СДСМ најави нејзино разрешување од партиските функции. За нејзино евентуално повлекување од пратеничката функција, Ременски не сака да биде осамена, ќе се повлече, но само ако тоа го сторат и други нејзини колеги кои се осомничени или обвинети во судск-обвинителски предмети.

„Јас мислам дека од аспект на некаква одговорност ако прејудицирате, времето и зкаонот и Уставот на сите вклучени во какви било постапки ја гарантираат презумцијата на невиност. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, секој е невин и имаа добра шанса сите пратеници од Собранието кои се со некакво својство пред органите на правосудството, доколку се договориме, колективно да си поднесеме оставки, ама сите“, рече Фросина Ременски.

По денешниот распит во Кривичиот суд на Фросина Ременски и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, но и обврска секоја недела да се јавува во суд. Таа е осомничена за финансиски малверзации со невладината организација „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски, неговиот татко и уште две соработнички на Боки 13.