Ременски: Гадно се лажете ако мислите дека со вестите за Фрчкоски и Османи ќе се покрие интересот за Сашо Мијалков

Две недели поминаа, а детали за случајот со бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков нема, вели поранешната функционерка на СДСМ, проф. Фросина Ременски, која преку „Фејсбук“ повторно ја бранува јавноста.

-Многу спинови за дефокус од клучното прашање – до каде истрагата за бегството на Сашо Мијалков!? Ако некој мисли дека со „најпопуларните” вести за наводната „амбасадорската трка на Фрчковски” и „провокациите од Османи” за наводна промена на Уставот ЌЕ ГО ПОКРИЕ ИНТЕРЕСОТ „за одговорноста” за привилигираниот преговарачки и ексклузивен третман на Сашо Мијалков ГАДНО СЕ ЛАЖЕ!! И не се плашeте од Сашо, тој е во затвор – дрогиран или „чист” не знам но, знам дека ќе остане таму подолго од што се навива. Тоа за среќа е надвор од дометот на другарка му Вилма, нејзините „лични извори” и сите други знајни и незнајни „јунаци”. Работите, да не ве сработат сите!, пишува Ременски.