Ременски не чувствува вина за случајот „Рекет“

59

Осомничената пратеничка Фросина Ременски по распитот во Кривичниот суд изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет во која таа е осомничена

– За мојата улога во Меѓународен сојуз кажав и претходно кога бев повикана да сведочам како лице кое има сознанија за случајот – рече таа денеска по давањето исказ пред судија на претходна постапка.

Ременски изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот, но дека нема намера да поднесе оставка од функциите сѐ додека не се докаже нејзината вина.

Обвинителката Вилма Русковска за Ременски побара мерки на претпазливост. Во текот на денот ќе се знае дали ова барање ќе биде прифатено од Кривичниот суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.