Ременски не дава изјави, а Заев најави санкции

366

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски Ташевска била во кабинетот, но не прифатила средба со новинарите, пишува „Телма“.

Таа првин имала состанок, а потоа од нејзината канецларија излегле координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митроски и пратеникот Диме Велковски.

Не сакале да коментираат ништо, а од кабинетот на Ременски известиле дека не може да ги прими новинарите, ниту на разговор ниту пак ќе даде изјава.

Ременски е осомничена во проширената истрага „Рекет“ откако обвинителството објави официјално дека гони и функционер за вмешаност во скнадлот со пари на Меѓународниот сојуз.

Ременски инаку имаше и фукција почесен претседател на Меѓуанродниот Сојуз кој го води првоосомничениот за рекетот Бојан Јовановски Боки 13.

„Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинeто во тој случај ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност“, ова го изјави премиерот Зоран Заев, прашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.