Одлуката на Ременски – Школски пример за партизација на институциите

Школски пример за партизација и за рушење на институциите. Според експертската јавност во земјава, одлуката на новата техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски да постави партиски цензор кој ќе одлучува за одговорите за прашањата на граѓаните упатени до Министерството, претставува директен пример за партизација на институциите.

Според нив ова е досега невиден Мега скандал, со кој што СДСМ сака грубо да се замеша во животите на секој граѓанин.

Познавачите велат дека ова е чиста партизација на институциите, затоа што со оваа одлука на министерката, практично секое ваше прашање што ќе го упатите до надлежните стручни служби во министерството, ќе ви биде одговорено, но дури откако ќе помине низ филтерот на партијата СДСМ.

Со ова паѓаат во вода сите тврдења на СДСМ дека се залага за департизација, затоа што од оваа постапка мошне јасно се гледа дека тие самите директно, јасно, прецизно и недвосмислено одат на ПАРТИЗАЦИЈА.

Всушност, како поинаку би можело да се протолкува известувањето пратено до службите од кабинетотот на Ременски, во кое се дава надлежност на претседателката на партиската комисија за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска,  да го одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните?

zaev-komisii

Ваквата одлука, според познавачите, не само што е спротивна на кодексот за професионално однесување на администрацијата, туку поставувањето на партиски кадар кој не е вработен во министерството за биде главен цензор е еклатантен доказ за партизација.

Уште повеќе, доказ дека ова претставува рушење на институциите е и тоа што Царовска не е вработена во Министерството, а како главен цензор се јавува како претседателката на партиската комисија за труд и социјална политика. Тука се поставува прашањето дали вака СДСМ си ја замислува демократизацијата на општеството?

Се што ќе подготват стручните служби како одговор до секој граѓанин (не само за медиумите туку за секој граѓанин) ќе треба да оди на цензура во СДСМ.

Според познавачите ова го нема никаде освен во Северна Кореја и станува јасно дека СДСМ сака грубо да се замеша во животите на секој граѓанин.

На овој начин, тие сакаат секој проблем што го има граѓанинот, а за кој ќе се обрати до стручните служби во министерството да оди на увид, на скен во СДСМ и СДСМ да одлучува за сечии судбини.