Ременски пристигна во Кривичниот суд

Фросина Ременски пристигна во Кривичен суд и ќе треба да се произнесе пред судија на претходна постапка, откако вчера Обвинителството објави дека Ременски, како и неколку други физички лица, се нови осомничени во случајот „Рекет“.

Вчера во Судот беше донесена Јасна Мандиќ, на која и беше одреден куќен притвор.

На Ременски ќе и биде одземен пасошот, нема да смее да ја напушти државата, а еднаш неделно ќе треба да се јавува во суд.