Ременски тврди дека нема никакви докази против неа, станувало збор за политичка елиминација

88

Во однос на одлуката на Основното јавно обвинителство, констатирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази можат да станат основи за обвинение, а тоа секако  ќе се докаже, но за тоа ќе треба некој да сноси и одговорност, изјави во петокот претеничката Фросината Ременски најавувајќи реформи во обвинителството и предупредувајќи дека овој процес претставува обид за „политичка елиминација“.

Претходно во петокот против пратеничката на владејачката СДСМ, Фросина Ременски, Јавното обвинителство покрена обвинителен акт за случајот „Рекет 2“. Во врска со овој случај, Ременски одговараше на новинарски прашања, при што рече дека за обвинението дознала од медиумите.

„Како и за тоа дека сум осомичена, така и за обвиниението дознав од медиумите и тоа уште еднаш покажува како функционираат нашите институции, и дали постапуваат согласно законот независно кон кого се однесува. Во однос на одлуката на Јавното обвинителство, констатирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази можат да станат основи за обвинение. И тоа секако дека ќе се докаже, но за тоа ќе треба некој да сноси и одговорност“, рече Ременски.

Порача дека овој прецес ќе значел реформа во обвинителството, како што рече Ременски, поради тоа што немало реакции на многу работи кои беа изнесени во јавноста.

„Слободно можам да кажам дека со овој процес можам да најавам и реформа на Јавното обвинителство. имајќи во предвид дека многу од прашањата допреа до јавноста, останаа и неодговорени прашања и секако тука не очекувам соработка од останатите институции, но очекувам соработка од новиот минстер за внатрешни работи кој што можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања кои не беа отворени во текот на изминатиот период да доабијат некаква гласност а со тоа и опозициајта да покаже дека стои на ставот дека сака да работи професионално и согласно зкаонот. Во таа насока не би кажала ништо повеќе од она што го кажав имајќи во предвид дека во оваа смешна постапка ќе се види дека реално нема докази за ова што Обвинителството ме сомничи а ме сомничи за угледот и авторитетот. Апсурдно ќе биде за секој политичар во иднина кој ќе има контакт со граѓани и со невладини организации, за секој минстер за странски инвестиции кој што ќе даде било каква поддршка на идеен проекти или на било што, со избор на програма на влада или партија еден ден да биде и во ситуација да биде и осомничен па дури и да биде обвинет за нешто што е можеби благородна цел во целокупното работење и постапување“, рече Ременски.

На новинарско прашање дали може да ѝ биде одземен пратеничкиот мандат, Ременски, рече дека не гледа основа за тоа но порача дека станува збор за порачка за нејзина политичка елиминација.

„Не верувам дека такво нешто ќе се случи. Прво јас не гледам дека има основа воопшто и да се случува ова за што денеска разговараме, меѓутоа факт е дека порачките за политички елиминации на најгруб можен начин сѐ уште функционираат. Јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, имајќи во предвид дека политичките амбиции на одредени лица се пресилни за да земат во предвид какви било мои професионални ангажмани од минатото“, рече пратеничката.

Притоа Ременски додаде дека не сака да ја коментира својата забелешка за „политичка елиминација“, но побара од медиумите да го следат процесот и да „поставуваат вистински прашањеа“.

„Јас повеќе не би коментирала. Би сакала да ме следите во следниот период и секако доколку и вие сакате да постои вистинска реформа во институциите да ги поставувате вистински прашања. Јас жалам што и досега не ги поставивте вистинските прашања, за оние што ги отворив во јавноста. Овој процес може само да докаже еден голем апсурд. Кога ќе ги имате сите обвинети во предметите на СЈО и кога ќе ги имате сите можни криминалци на слобода, а кога професор на факултет за безбедност којшто поднел 16 кривични пријави ќе го ставите во апсуреден судски процес да докажува углед и авторитет, тогаш мислам дека секому ќе му биде јасно за што зборувам“, одговори.

Ременски за новинарите рече, имајќи предведи дека нејзините партиски функции се замрзнати, дека не очекува ништо поврзано со сопствениот политички ангажман и оти од него доброволно се откажува.

„Не сум вклучена во партиските активности, во последниот период за изборите. очигледно тоа е и целта“, појасни Ременска.

Во врска со кривичната пријава која ја поднесе против бизнисменот Силјан Аврамовски, Ременска одговори дека „тоа е уште еден доказ како функционира системот. За некого законите важат, за некого не важат, Но еве и тоа е дел од таа реформа која треба да следи. И јас сум уверена во едно – „дека овој судски процес ќе даде многу сериозни импути и за меѓународната заедница во смисла на носење на нивните одлуки и оценка за вистинитоста на патот по кој се движиме сите ние“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.