Ременски тврди дека претресот во нејзиниот дом бил незаконски

Јавноста беше исклучена од денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во делот кога требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка Фросина Ременски.

Судот на барање на Ременски го затвори судењето, а со образложение дека на фотографиите се гледаат просториите на нејзниот дом, вкучително и спалната соба и оти на тој начин се прави заштита на приватноста.

Според неа, претресот е извршен незаконски бидејќи немало никој дома, а ниту имало законски услови за вреше претрес по исклучок.

– Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видео – материјалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом. Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да се влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот – изјави Ременски.