Ременски: Нема министер за внатрешни работи што може да растури литија во вонредна состојба!

225

„Најдете еден министер за внатрешни работи што растурил или може да растури литија или верски обред во вонредна состојба. Ниту имало, ниту ќе има!“, пишува на својот ФБ статус поранешната потпретседателка на СДСМ и на македонското СОбрание, Фросина Ременски.

„Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста.

Собирањето на Стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата. Ако важи она народната дека, стравот лозјето го чува, тогаш за да нема вакви собирања треба друг пристап.

Личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да им и без вонредна состојба и без литии.

Можеби статусот не е во рамка на ФБ атмосферата за “вечерното просветление за денска Струга”, но малку реалност не е на одмет. Ако на реалноста се додаде дека, практикувањето на верата е едно од правата кое не може да се ограничи во вонредна состојба (а, можеше во полициски час), тогаш пак останува да зборуваме за личната свест и одговорност на поединецот.
Кој ќе ги свика Собранието за да му ја констатира оставката на Чулев?“ пишува Ременски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.