Реми без голови на дербито во Тетово

Дерби натпреварот од 9.коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу актуелниот шампион Шкендија и лидерот на табелата Вардар попладнево во Тетово заврши нерешено без постигнат гол.

Академија Пандев и Борец забележаа победи пред своите навивачи, додека неефиукасни беа и стрелците на средбата во Ѓорче Петров.

Резултати на денешните натпревари од ПМФЛ:

Академија Пандев – Силекс 2:0
Борец – Струга Трим Лум 3:2
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Шкендија – Вардар 0:0.

Вчера Работнички ја совлада Ренова со 1:0.

Табела: Вардар 20 бода, Академија Пандев 18, Македонија ЃП 15, Шкупи 13, Ренова 13, Шкендија 11, Работнички 10, Силекс 9, Струга Трим Лум 8, Борец 8.