Реми на Барса кај Селта во осминафиналето на купот, Арнаиз три гола од три шута

Во првиот осминафинален дуел од шпанскиот фудбалски куп, водечкиот клуб во Примера Барселона во четвртокот вечерта одигра 1:1 (1:1) на гостувањето кај Селта во Виго.

Барселона, за којашто во овој натпревар не настапија Лионел Меси, Луис Суарез и Андреас Иниеста, поведе во 15 минута со голот на Хозе Анраиз, а изедначи во 31 минута Пионе Систо. Реваншот ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 11-ти јануари.

Во истиот термин Леганес на својот терен го совлада тимот на Виљареал со 1:0.

Во врска со стрелецот на голот на Барса во Виго, 22-годишниот Хозе Арнаиз врзан е еден куриозитет со кој вечерва стана дел од историјата на каталонската гордост, откако со голот против Селта стана првиот играч на „блауграна“ кој од првите три шута постигна три гола.

Арнаиз ова лет стаса во Барселона Б од Вајадолид за 3,4 милиони евра, а тренерот Ернесто Валверде првата шанса му ја даде во двомечот со Мурсија, исто така, во Купот на кралот. Во победата на гости од 3:0 ги одигра сите 90 минути и ја затресе противничката мрежа од својот единствен шут, а истото го повтори и во реваншот на „Камп Ноу“ кога играше само 27 минути. Необичната серија ја продолжи вечерва на „Балаидос“ каде во 15 минута го искористи додавањето на Андре Гомеш.

Минатата сезона во Сегунда за Вајадолир Арнаиз постигна 12 голови на 35 среди, а за Барселона Б досега настапи 19 пати и впиша шест голови и четири асистенции.