Реми на Борусија Д кај Ајнтрахт

Во последниот неделен натпревар од петтото коло на германското фудбалско првенство во Франкфурт домашниот Анјтрахт одигра без победник 2:2 (1:1) со Борусија Дортмунд.

Гостите од Дротмунд двапати беа во водство, преку Аксел Витсел во 11 и Жадон Санчо во 66 минута, но домашните израмнуваа во 43 минута со голот на Андре Силва и во 88 минута со автоголот на Томас Делејни.

Борусија сега е трета со 10 бодови, колку што имаат и четвртиот Фрајбург, петтиот Шалке 04, шестата Борусија од Менхенгалдбах и седмиот Беар Леверкузен, додека Ајнтрах е деветти со седум бодови.

Претходно во неделата Борусија од Менхенгалдбах со пресврт ја победи Фортуна од Диселдроф со 2:1. Гостите поведоа со голот на Касим Адамс во 7 минута, а пресвртот го направи со два гола, во 74 и 88 минута, Маркус Турам.

Борусија Менхегландбах е шеста во групата екипи со десет бодови, а Фортуна е 12-та со четири бодови.

Колото го отворија Шалке и Мајц (2:1), а во саботата беа постигнати следните резултати: Баерн – Келн 4:0, Баер – Унион Берлин 2:0, Херта – Падеборн 2:1, Фрајбург – Аугсбург 1:1 и Вердер – РБ Лајпциг 0:3. Петтото коло во Бундеслигата во понеделник ќе го затворат Волсфбург и Хофенхајм.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.