Реми на Еибар и Хетафе

Во првиот натпревар од 24-то коло од шпанскот фудбалско првенство, Еибар и Хетафе одигра без побведник 2:2 (0:1).

Гoстите имаа водство од 2:0 кое го донесоа Хаима Мата во 37 и Димитри Фулкуе во 52 минута. Бод за домашните спаси Шарлс со погодоците во 67 од пенал и во 80 минута,

Хетафе е петти со 36 бодови, а Еибар е на десеттото место со 31 бод.

На врвот е Барселона со 51 бод, шест повеќе од Реал и седум повеќе од третиот Атлетико.

Во сабота играат Селта Виго – Леванте, Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад – Леганес и Барселона Вајадолид. Во недела се среќаваат Реал Мадрид – Жирона, Вилјареал – Севилја, Валенсија – Еспањол и Реал Бетис – Алавес, а колото го затвораат во понеделнико Хуеска и Атлетик Билбао.