Реми на Кристал Палас и Брајтон

Во послениот натпревар од 17-то коло од англиското фудбалско првенство, Кристал Палас и Брајтон ремизираа 1:1.

Гостите поведоа во 54 минута со голот на Нил Мапаи, а израмни Вилфред Заха во 76 минута.

Лондонскиот тим со овој резултат ја продолжи серијата без порази на четири натпревари, додека Брајтон го впиша и третиот меч во низа без пораз.

Крисал Палас е деветти со 23 бодови, а Брајтон е 13-ти со 20 бодови.

На табелата води Ливерпул со 49 бодиви, Лестер Сити е втор со 10 бодови помалку, а трет е Манечестер Сити со 35 бодови.