Реми на Металург против Адемар Леон

Македонскиот ракометен представник Металург одигра реми на домашен терен со Адемар Леон (27:27).

Најефикасен кај домаќините беше Мартин Серафимов со седум гола, а спасителот Калуѓеровиќ даде пет, пред Тарабокија со четири.

Даниел Дупјачанец беше одличен меѓу стативите со реализирани 15 одбрани.

Кај Адемар Леон, Перез постигна седум гола, а Фернандез и Фојхтман имаа по четири.