Реми на Рајо и Еспањол

Гаел Какута, Рајо Ваљркано

Во првиот дуел од седмото коло од шпанското фудбалско првенство, фидбалерите на Рајо Ваекано и Еспањол одиграа без победник 2:2 (1:2).

Домашната екипа поведе веќе во 6 минута со голот на Де Томас, но следеше пресврт на гостите од Барселона. Иглесиас израмни во 19 минуа, а Гранеро во последната минута од првото полувреме му донесе водство на Еспањол. Но веќе во втората минута од вториот дел Какута од пенал израмни на конечните 2:2.

Во првата минута од судиското продолжени, арбитарот Рохас досуди пенал за Еспањол но видеотехнологијата покажа дека прекршокот бил направен надвор од шеснаесетниот, па ја промени својата одлука во слободен удар од кој гостите не успеаја да го загрозат противничкиот гол.

Еспањол со 11 бодови моментално е на петтото место, а пред него се Барселона и Реал Мадрид со по 13 бодови, и Атлетико Мадрид и Алаес со 11 бодови, сите со меч помалку.

Во сабота играат: Реал Сосиедад – Валенсија, Барселона – Атлетик Билбао, бар – Севилја, а во Мадрид се игра дербито на колото меѓу Реал Атлетико. Во неделната програма се дуелите: Хуеска – Гирона, Вилјареал – Вајадолид, Леванте – Алавес, Берис – Леганес 9 Селта виго – Хетафе.