Реми на Вердер и Келн

Во првиот натпревар од седмото коло на германското фудбалско првенство Вердер и Келн во Бремен ремизираа со резултат 1:1 (0:0).

Гостите поведоа во 67 минута кога домашниот капитен, финскиот бек Никлад Моисандер невешто реагираше на нафрлена топка и ја сврти топката во сопствената мрежа. Вердер до израмнувањето стаса во 82 минута од пенал, а сигурен реализатор беше Леонардо Битенкурт.

Вердер со четвртата победа сезонава дојде до 10 бодови со кои привремено скокна на седмата позиција на табелата, додека Келн со три бода остана на 16-то место.

На табелата води Баерн со 15 бодови, колку што има и Борусија Дортмунд, а токму овие две екипи на „Сигнал Идуна Парк“ ќе го играат дербито на седмото коло во саботниот термин од 18.30 часот.

Претходно во саботата ќе се одиграат пет наптревари во терминот од 15,30 часот, и тоа: Аугсбург – Херта, Мајнц – Шалке 04, РБ Лајпциг – Фрајбург, Штутгарт – Ајнтрахт и Унион Берлин – Арминија.

Во недела од 15,30 часот играат Волсфбург и Хофенхајм, а во терминот од 18,30 чаот ќе се одигра уште еден дерби натпревар меѓу Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах, односно четвртата и петтата екипа на табелата.