Реми во возбудливиот дуел меѓу Евертон и Тотенхем

Евертон и Тотенхем ги поделија бодовите во Ливерпул одигрувајќи 2:2 во првиот натпревар од 32-то коло од фудбалското првенство на Англија.

Гостите од Лондон поведоа со погодокот на Хари Кејн во 27 минута, но многу брзо веќе во 31 минута од пенал израмни Гилфи Сигурдсон.

Евертон преку Сигурдсон направи резултатски пресврт во 62 минута, но исто така набрзо Кејн во 68 минута повторно ја погоди домашната мрежа носејќи му бод на Тотенхем.

И Тотенхем и Евертон ги задржаа истите места на табелата, односно седмот и осмото, првиот тим со 50 а вториот со бод помалку. Деветиот Арсенал има 45 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.