Ремиксот на Cyrillic за евровизиската Proud објавен на најголемиот музички канал за CDeep house музика

Откако пред неколку недели македонскиот бенд Cyrillic направи ремикс на евровизиката песна Proud, што во Тел Авив ја пееше Тамара Тодевска, песната сега е објавена и на YouTube каналот CDeep, еден од најголемите музички канали специјализирани за deep house музика.

Ремиксот на баладата, чии автори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текст на Коста Петров, звучи сосема поинаку од оригиналната песна, која заврши на првото место според гласовите на стручното жири на „Евросонг“. Фановите на deep house музиката, воодушевени од звукот, ја опишуваат оваа верзија на Proud како „вистинско освежување“ и „летен хит“. Песната за неполни 24 часа има скоро 19.000 прегледи на YouTube.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.