Ремзи призна, му се извинил на Кристијано

130

Играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи призна дека се извинил на големата sвезда Кристијано Роналдо за „украдениот“ гол на самиот почеток на вчерашниот натпревар со Локомотив Москва.

„Бјанконерите“ го отворија резултатот во 4-тата минута кога, по директен слободен удар на Португалецот, голманот Гилерме ја испушти топката, која помина меѓу неговите нозе, а Ремзи ја внесе во мрежата од гол линијата, откако голот беше запишан на негово име.

Потоа, на социјалните мрежи се појавија голем број на слики и видеа кои укажуваат дека ЦР7 не е особено задоволен од ситуацијата. Ремзи откри дека по натпреварот, двајцата разговарале и тој му се извинил на својот соиграч.

– Мислев дека голманот е многу поблизу до мене и имаше шанса да се врати, повторно да се фрли и можеби да ја расчисти топката. Мојот инстинкт ме натера да се осигурам дека топката ќе ја мине линијата. Јас му се извинив на Кристијано, рече Ремзи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.