Рен го доби дербито со ПСЖ

Rennes (France), 15/01/2023.- Paris Saint Germain's Lionel Messi (C) reacts during the French Ligue 1 soccer match between Stade Rennais FC and Paris Saint Germain, in Rennes, France, 15 January 2023. (Francia) EFE/EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во дербито од 19-то коло на француското фудбалско првенство, Рена на домашен терен „Роазон Парк“ со 1:0 го совлада актуелниот првак Пари Сен Жермен.

Решавачкиот погодок го постигна во 65 минута капитенот на домашниот тим Амари Траоре. Адриен Труфер нафрли ниско кон Траор, кој пред Бернат и Данило шутираше и ја затресе мрежата на парижаните.

За ПСЖ, во чии редови целиот меч го одиграа и Лионел Меси и Нејмар а до 55 минута во игра влезе Килијан Мбапе, ова беше вториот првенствен пораз сезонава во последните три кола, и втор последователен пораз на гостувањата кај Рен по 0:2 од октомври 2021 година.

ПСЖ остана на врвот на табелата со 47 бодови, сега само три пред второпласираниот Ланс и пет пред третиот Марсеј. Рен сега со 37 бодови се израмни си четвртиот Монако.

Пртходно во неделата Монако го декласираше Ајачио со 7:1, со три гола на Висам Бен Једер. Тимот од Кнежевсвото веќе по шест минути водеше со 2:0, а до полувремето имаа предност од 5:1. Во продолжението од натпреварот Монако постигна уште два гола за убедлививата победа. Три гола постигна Висам Бен Једер вп 21, 28 и 35 минута од пенал, два Брил Емболо во 63 и 89, а по еден Аксел Дисаси во 2 и Крепин Диата во шестата минута. За гостите погоди Јусеф Белаили 11 минута.

Монако моментално е четврти со 37 бодови, а Ајачио остана на 15 бодови со кои е на 18-то место во зоната на испаѓање.

Убедлив беше и Лил кој ја совлада Троа со 5:1. По два гола за домашната екипа постигнаа Мохамед Бајо во 16 и 47 и Џонатан Дејвид во 45+2 и 88 минута. Алан Виржиниус се впиша меѓу стрелците во 75 минута. Стрелец на единствениот гол за Троа беше Мама Балде во 65 минута.

Лил сега е шести со 34 бодови, а Троа остана 15-та со 18 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.

Нант на гости го совлада Монпеље со 3:0, продолжувајќи ја низата без пораз на пет кола, додека Монпелје го забележа третиот последователен пораз. Дуелот во Монпелје започна „огнено“, но на трибините. Во 19 минута домашните навивачи го опсипуваа теренот со факели и чадни бомби, по што судијата Тома Леонар ја прекина играта и ги прати играчите во соблекувалната. По речиси 15 минути пауза натпреварот продолжи, а нови проблеми за домаќините стигнаа во 40 минута кога Ваби Хазри доби црвен картон по остар фаул.

Судијата го продолжи полувремето за цели 17 минути, а во 13 минута од судиското надополнување, Андреј Жирото со прекрасен гол го доведе Нант во водство. Во 68 минута исклучен беше и Ели Вахи, кој прво доби жолт а потоа и црвен поради протест.
Со двајца играчи помалку, Монпелје прими уште два гола до крајот на мечот, а стрелци беа Мостафа Мохамед во 82 и Лудовик Блас во 84 минута.

Нант сега е 13-ти со 21 бод, а Монпелје со четири бодови помалку е две места подолу на табелата.

Тулуз ремизираше дома 1:1 со Брест. Гостите поведоа во 18 минута преку Стив Муние, а домашните израмнија во 65 минута преку Закарија Абдуклал. Тулуз е 12-ти со 23 бодови, а Брест е во зоната на испаѓање 17-ти со
15 бодови.

Без победник но и без голови заврши дуелот меѓу Ремс и Ница кои со по 25 бодови се на 10-то односно 11-то место на табелата.

Гостинска победа до 2:1 забележа Клермон кај Анже. Гостите имаа водство од 2:0 преку Елбасан Рашани во 40 и Нето оргес в 47 минута, домашните само си ги подгреаја надежите во 80 минута преку Софиан Буфал. Клермон сега е осми со 28 бодови, а Анже и натаму е убедливи последен 20-ти со само две победи и вкупно осум бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.