Рен скокна на второто место, реми на Монако

Фудбалерите на Рен го совладаа на гостувањето Лориен со 2:0, скокнувајќи на второто место на табелата на француското првенство по неполното 15-то коло.

Рен до победата дојде со два брзи погодока во послендата четвртина од натпреварот, а стрелци беа Гаетан Лабор во 75 и Џереми Доку во 78 минута.

Рен сега е второпласирен со 28 бодови, 12 помалку од ПСЖ, а два повеќе од третата Ница и три повеќе од четвртопласираниот Ланс. Лорион моментално е 15-ти со 15 бодови.

Монако на својот терен одигра 1:1 против Стразбур, а двата гола беа постигнати од пенал. Домашните поведоа во последните моменти од првиот дел со реализацијата на најстрогата казна на Висам Бен Једер, а веќе во 48 минута сигурен од белата точка беше Лудовик Ажорке.

Двата тима ги задржаа во моментов истите позиции на табалета со по 20 бодови, Стразбур е осми а место подолу е Монако.

Бордо дома загуби од Брест со 1:2. Домашните поведоа со Стиан Роде Грегерсен во 43 минута, но гостите во вториот дел направија резултатски пресврт со двата погодока на Жереми Ле Дуарон во 59 и 66 минута.

Брест се искачи на 12-то место со 18 бодови, а Бордо остана 17-ти со 13 бодови, само еден над зоната на испаѓање од лигата.

Ремс минимално со гол во судиското продолжение успеа да го освои важните ри бода против еден од директните конкуренти за опстанок Клермон, а стрелец во 96 минута беше Гислен Конан. Ремс со 16 бодови моментално е 14-ти, а Клермон остнаа на 13 бодови и е на 18-то кое води во доигрување за опстанок.

Во првиот неделен дуел актуелниот шампиони и водечки сезонава Пари Сен Жермен со 3:1 на гостувањето го совлада Сен-Етјен, но славењето на „Светците“ го помати повредата на Нејмар кој на нисилки беше изнесен од тревникот во 84 минута. На снимките беше видливот дека Бразилецот доби непријатен удар во глуждот и во солзи мираше да ја напушти играта.

Кај сите три погодока за ПСЖ асистираше Аргентинецот Лионел Меси, а на овој меч дебитираше и шпанскиот стопер Серхио Рамос кој ова лето дојде од Реал Мадрид но поради проблеми со повредата на листот на ногата досега не играше.

Сен-Етјен поведе во 23 минута преку Денис Боанже. Можеби клучниот момент на мечот се случи во 45 минута кога Тимоте Колодзејчак го собори Килион Мбапе и заработи директен црвен картон. Домашните протестираа сметајќи дека судиската одлука е престрога, но судијата не ја промени одлуката. Меси изведе слободен удар а Маркињос со глава израмни.

Во продолжението до дуелот, Сен-Етјен одлично се бранеше настојувајќи да освои барем бод сѐ до последните десет минути кога попушти. Анхел Ди Марија на додавање на сонародникот во 80 минута го направи пресвртот а по третпат Меси асиситираше во првата минута од судиското продолжение на мечот а повторно стрелец беше Маркињос.

ПСЖ остана водечи на табелата со 40 бодови, а Сен-Етјен е последен 20-ти со само 12 бодови.