Рендал го засени Дончиќ во родниот град

Кошаркарите на Њујорк ја извојуваа петтата победа во низа, совладувајќи го  Далас во неговиот “Ерлајнс Центар” со 117:109. Творец на триумфот беше Џулиус Рендл кој блесна во својот роден град со 44 поени, 10 скока и 7 асистенции. На Далас не му помогна ниту Лука Дончиќ кој за утеха го израмни личниот рекорд од 19 асистенции, а имаше и 22 поена и 8 скока.

Уште една маестрална партија одигра Никола Јокиќ во гостинската победа на Денвер над Хјустон од 128:99. Тој го забележа јубилејниот 50. дабл-дабл ефект во сезоната со 29 коша и 16 скока, а додаде и 7 асистенции. Во редовите на домаќинот Кели Олиник уфрли 23 коша.

Во другите ноќешни средби: Детроит-Оклахома 110:104, Филаделфија- ЛА Клиперс 106:103, Вашингтон- ЊУ Орлеанс 117:115 (по продолженија), Бруклин- Шарлот 130:115, Торонто- Орландо 113:102, Чикаго- Мемфис 115:126, Минесота- Мајами 119:111 и Сан Антонио- Портланд 106:107